Спортската сала „Боро Чурлевски“ добива нов кров, таван и дограма

Во спортската сала „Боро Чурлевски“ се спрема ново реновирање. Со средства добиени од европски грант се средства салата ќе доние добие нов кров, нов таван, нова дограма и филтер за чад за биомасниот котел во котларата, соопшти градоначалничката Петровска.

Предвидени се следните зафати во салата:

– покривање на кровот на главната спортска сала со набавка и монтажа на енергетски ефикасен кровен покривач со изолација со површина од 3.000 метри квадратни

– покривање на кровот на дел од влезната сала со површина од 1.000 метри квадратни, со набавка, транспорт и монтажа на енергетски ефикасен кровен покривач

-демонтажа и замена на постоечките тавани со нови со површина од 1.330 метри квадратни, со влкучена набвака, транспорт и монтажа

– замена на дел од постоечките прозорци со нови енергетски ефикасни што вклучува промена на 65 парчиња со вкупна површина од 346 метри квадратни, со вклучена набавка, транспорт и монтажа

– монтажа на филтер за час за биомасниот котел во котларата, со вклучена демонтажа, отстранување и повторна монтажа на постоечката опрема според потребите на филтерот, комплетен сет на материјали и работна рака, како и набавка, транспорт и монтажа на филтерот со придружна опрема, материјали и работна рака.

 

Сподели