Спортска порака од „Порака“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пред една недела пееа, а сега спортуваат. На спортските терени во ОУ „Климент Охдидски“ членовите на здружението „Порака“ имаа спортски натпревари заедно со нивни соученици од други училишта.

Натпреварот беше во рамки на проектот „Можеме и сакаме да пееме“ што е дел од медиумската кампања „Попреченоста е само прашање на перцепција“, а во организација на Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола.

Претседателката Трајчевска вели дека тие не покажуваат, туку дека со ова докажуваме дека и спортот не е пречка за лицата со попречености.

Психолозите велат дека креирањето на амбиент во кој што лицата со попречености ќе ги остваруваат своите основни човекови права е наша обврска како општество, а не е никаква нивна привилегија, туку неприкосновено човеково право.

И членови од Лотус ценатрот беа на спортскиот натпревар. Велат сакаме да докажеме дека секој може да земе актично учество во општестевото беа разлика за каква попреченост станува збор.

Во ценатрот Лотус, штитеници од „Порака“ одат на часови по англиски јазик.


Од „Порака“ се надеваат дека овој проект ќе биде предизвик за целосна инклузија и вклученост во општеството за лицата со интелектуална попреченост да имаат квалитетен и исполнет живот.

Share.