Спортскиот новинар на Тера, Зоран Мишевски со награда на Избираме најуспешни битолчани

0
994

По 19-ти пат по ред во Битола се одржа манифестацијата “Избираме најуспешни битолчани” за 2017година. На Манифестацијата беа прогласени 30-тина успешни битолчани, кои со своите резултати и успеси во минатата година придонесоа за својата лична афирмација и афирмација на градот Битола.
Наградата од областа на новинарството му припадна на спортскиот новинар на Тера телевизија, Зоран Мишевски.
Наградата Ајри Демировски му беше доделена на Исмаил Лумановски, за трајни вредности на архимандритот Партениј, а наградата за животно дело на проф.д-р.Живко Попов.
Награда од областа на културата беше доделена на уметничкиот директор на фестивалот на класична музика Интерфест, Милица Шперовиќ Рибарски, од областа на ликовната уметност на Панде Петровски. За најдобар дизајнер наградата ја понесе Андреј Папаз Ѓоргиевски, мејкап стилист Зоран Шурбевски и други.
Посебни признанија беа доделени и на 3Д киното при Центарот за култура, Валентин Соклевски кој напиша преку 50 песни за Битола, академијата за боречки вештини За Нед До, центар за странски јазици Лексика и многу други.
Битолски весник годинава слави 55 години од излегувањето на првиот број.
Во ресторанот Вавилон и оваа година
повторно по 19 ти пат, присутните ги обедини една мисла и идеја, а тоа е љубовта кон Битола, кон градот, со кој сите ние се гордееме.