Србиновски: ДПМНЕ ги измисли и ги практикуваше изборните нерегуларности

ДПМНЕ ги измисли и ги практикуваше изборните нерегуларности за кои и ден денес се водат судски постапки, рече на прес конференција портпаролот на битолската СДСМ, Дејан Србиновски.

„Овој нив изум го практикуваат и денес. Кандидати за советници на ДПМНЕ во неделата, на денот на гласањето беа забележани на неколку локации низ градот во близина на гласачките места. Додека постапат надлежните органи се разбегаа. Но, останаа сведоштвата на овие фотографии за обидот на ДПМНЕ да влијае секаде каде што може врз волјата на граѓаните. И тоа е најголемата разлика помеѓу нив и нас. Ние ја ослободивме и државата и администрацијата и вработените и невработените, сите граѓаните од притисоци и закани во текот на изборниот процес. ДПМНЕ е партијата која дури и вештачкото оплодување го врзуваше со уцена за гласање, се надевам паметите.

Затоа почитувани, Битола нема да дозволи враќање во минатото кога старо – нови советници кумуваа на сите злодела на Талески. Мнозинството гласови во првиот круг избори недвосмислено порача дека Битола и битолчани се одлучни градот да продолжи да се движи напред ! Нема сила која може да ја направи Битола повторно пашалак на династијата Коњановски.

Потврдата ќе дојде на 31 октомври кога Христо Кондовски ќе стане новиот битолски градоначалник“ рече Србиновски.

Сподели