Србите од Битола го одбележаа Видовден

Ова е манастирот Св.Преображение кој се наоѓа на околу 2 километри над селото Буково. Таму вчера традиционално во организација на Заедницата на Србите во Македонија од Битола беше одбележан големиот српски празник Видовден.

За Српскиот народ овој празник е историски важен датум поради прочуената Косовска битка. Не поканија од Заедницата на Србите во Македонија од Битола, а не пречека кумот на овај собир.

„Голема е честа да се биде кум. Кумството го примив пред две години на денот Св.Сава. Ова ми е втора година како што сум кум, бидејќи поради пандемијата не можевме да ја организираме прославата за Св.Сава,така што останав две години кум во Заедницата на Србите во Македонија-Битола“, рече Зоран Срдиќ, домаќин-кум.

За овај празник се подготвуваат неколку дена. Се спрема трпезата, на која покрај другото традиционално се наоѓа гравот со сушено месо. Гужва во кујната. Секој имаше одредена задача, едни го местеа приборот за јадење, други ја носеа храната и пијалоците, а трети пак надгледуваа да не недостасува нешто за веднаш да се интервенира. Сето тоа беше под надзор на главната куварка Даница Николовска.

„Овај празник како главен кувар го славиме 25/26 години, и овај ден го одбележуваме со посетување на манастир, затоа што е нешто како Задушница. Обично на овај ден подготвуваме грав со чадено месо и селско тавче со свинско месо со печурки и кромид“, рече куварката Даница Николовска.

Околу 50 тина на број, Срби, Македонци, Власи,  заедно го одбележаа празникот Видовден.

„Од Ниш сум, овде живеам 35 години. Се собираме секоја година. Нашата заедница 27 години ја почитува оваа традиција.Ги одбележуваме Св.Сава и Видовден како наши најважни празници“, рече Елена Паревска.

„56 години сум во Битола. Доаѓам секогаш на прославите. Сега бидејќи е корона не има помалку, инаку секогаш не имаше полна сала. Се дружиме и со Македонците, мешани сме, така што не е само Српско“, рече Анџелко Рељим.

„Во Битола живеам 47 години. Оваа прослава за нас многу значи. Ние постарата генерација многу повеќе почитуваме, се дружиме, сложни сме и со Србите и со Македонците, без оглед на националноста и овај ден за нас сите многу значи“, рече Марија Цветковска.

Со едноминутно молчење им оддадоа почит на оние кои ги изгубиле животите за слободата.

„Во име на Заедницата на Србите во Македонија од Битола сакам да ве поздравам кои сте овде по незнам кој пат 26-27 години славиме Видовден. Да ви се заблагодарам што дојдовте, бидејќи Видовден е празник на тагата и жалоста за сите Срби, така и за нас Србите кои што сме овде во Битола и Македонија. Сите вие кој сте од Србија и имате српско потекло и сте тука родени многу добро знаете што значи Видовден.

Видовден е празник кога ја одбележуваме нашата тага и нашата жалост за сите маченици кои го дадоа својот живот за одбрана на Србија, во одбрана на христијанството, светиот крст и верата. Од почеток од 1389 година е Видовден, Косовско поле, Косовска битка, сите ние добра знаеме што тоа значеше. Во Српскиот ген и во Српската историја има пред Видовден и после Видовден“, рече Зоран Жугиќ, претседател на Заедницата на Србите во Македонија од Битола.

Денес претставници од Заедницата на Србите во Македонија од Битола се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на сите загинати војници на Српските гробишта во Битола.

Сподели