Србија и Косово далеку од нормализација на односите

0
246

Претседателите на Србија и на Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи, со синоќешниот состанок во Брисел го потврдија големиот јаз во ставовите околу нормализирање на односите.

По вчерашниот, прв состанок годинава на највисоко политичко ниво во рамките на  дијалогот Белград-Приштина,  високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Федерика Могерини како и претседателите на Србија и на Косово констатираа дека нема напредок во однос на примената на Бриселскиот договор.

Додека Могерини речиси по навика ја поздравува „посветеноста на двајцата претседатели за нормализација на односите помеѓу Србија и Косово“, Бриселската спогодба, прва потпишана токму во таа цел, со години стои само делумно применета. За српскиот претседател вината за тоа ја сноси Приштина, но и ЕУ.

„Речиси 1800 дена шест главни точки од Бриселскиот договор не се ни допрени, а тоа не може да биде вина само на Албанците, потпис стави и ЕУ“, порача синоќа Вучиќ од Брисел. Тој е посебно револтиран од изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, чија порака дека „не стигнал да го проучи договорот за формирање Асоцијација на српски општини“, го нарече „навреда на здравиот разум и на Србија.“

Истовремено, Белград најавува дека „самостојно ќе формира Заедница на српски општини“ и отворено ќе се оглуши на забраната издадена од косовските власти во поглед на посетите на високорангирани српски функционери на српските енклави во Косово.

dw.com/mk