Србија се закани дека ќе го уапси Харадинај доколку влезе во Прешево

0
267

По написите во медиумите дека косовскиот премиер Рамуш Харадинај е поканет да го посети Прешево, остро реагирал српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ.

Тој  дури се закани со апсење на Харадинај, доколку влезе во Прешево.

– Нашиот суд е надлежен за тоа. Наредбата останува во сила и секако ќе биде уапсен, изјавил Стефановиќ за „Курир“.

Харадинај е обвинет од српските власти за воени злосторства за време на вооружаните судири на Косово во 1998 и 1999 година.