Србија ќе забрани пластички кеси

0
132

рбија ќе забрани употреба на тенки пластични кеси и ќе воведе задолжителна наплата на биоразградливи, најави српското Министерство за заштита на животната средина.

Како што објави „Политика“, претставници на Министерството рекле дека Србија, иако не е членка на ЕУ, ќе ги примени сите мерки од неодамна усвоената Директива за пластика.

Според Директивата од февруари годинава, до крајот на 2019 година максималната годишна потрошувачка на кеси се ограничува на 90 по лице.