Сребрените одбојкарки на Пелистер Волеј

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во време кога сме сведоци на тепачки низ училиштата, на девијантно однесување за време на ученичките екскурзии, има и примери кои се светла точка во денешнината и кои вреди да бидат пример за младината. Битола ги доби сребрените одбојкарки.

Фантастична атмосфера, натпревар во кој судиското свирче тешко кој можеше да го чуе. Советите на тајм-аутите мораше да се делат од петни жили, зошто во салата беше вистински пекол. Безброј знамиња, транспаренти, бројни тапани, десетици труби и вувузели, стотици зелено бели балони, допринесоа салата да грми од почеток до крај како никогаш до сега.
Натпревар кој потсетува на моќно дерби од некоја италијанска лига, велат од Пелистер Волеј.
Навивање и публика каква секој клуб може само да посака дури и да сонува.


Битола за прв пат во својата историја има сребрена генерација на Младинки.
Патот до ова финале е историски.
Пелистер Волеј е единствената непоразена екипа, сè до самото финале.
Без ниту еден пораз во групите, непоразени во 1/8 Финале, непоразени во двата 1/4 Финални натпревари, 1/2 Финале добиено со максимални 2:0.
Единствениот пораз за оваа екипа во оваа сезона е токму ова финале, во кое не го дадовме својот максимум, вели тренерот Роберт Митковски.


Секако ова е апсолутно голем, многу голем успех за генерацијата која како кадетки беше исто така сребрена во сезоната 2015/2016 токму овде во Битола.

Прераснуваме во клуб за кого како да стана најнормална работа да се натпрварува на завршните турнири.
Колку за потсетување, нашите најмлади, пионерките се на прагот на сензација зошто по првото 1/4 финале имаме предност од 3:0 со победа на гостински терен, па така со само еден сет во Битола и со оваа категорија ќе избориме учеатво и ќе бидиме дел од Final Four турнирот за сезоната 2017/2018
Иако поразени во првото 1/4 Финале и Кадетките сеуште имаат можност за пласман меѓу најдобрите 4 за оваа сезона.
Па така, како ретко кој друг клуб, ако не и единствен во Битола, а веруваме и во државата, имаме реална можност за учество на најмалку уште една екипа на завршните турнири, а можеби и во сите можни категории.
Слободно можиме да се пофалиме и да констатираме, дека ова за нас е најуспешната сезона од нашето постоење“ вели тој.

Пехарот и медалите ги доделија советниците од Советот на општина Битола Методија Илиевски и Борче Корлевски.

Share.