Средба Заев – Ципрас на 17 мај во Софија

0
315

Се планира, а доколку не се случи нешто непредвидено, на 17 мај во Софија ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ -Западен Балкан, објави грчкиот информативен портал „Њуз247“.

На средбата меѓу двајцата премиери се очекува да се побара постигнување конечен договор во прашањето за решавање на „македонскиот проблем“. Дипломатски извори за „Њуз247“ потенцираат дека и покрај тешкотиите што постојат, постигнат е важен напредок и договор во поголемиот дел од темите во преговорите, и покрај тоа што останува главната разлика за употребата на името ерга омнес, пишува порталот и додава дека Заев и Ципрас имаат „отворена телефонска линија, иако разговорите и контактите не се објавуваат.