ТЕРА

REKLAMA???

СРЕДБА КОВАЧЕВСКИ-ШОЛЦ ВО БЕРЛИН

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамки на официјалната посета на Сојузна Република Германија, оствари средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.

На средбата беше заклучено дека интензивираниот политички дијалог на највисоко ниво во последниве години, најдобро говори за пријателство и партнерство меѓу двете земји.

За време на разговорот беше истакнато дека Македонија останува конструктивен партнер на Алијансата во одговорот на руската агресија. Ковачевски и Шолц ги потврдија заедничките заложби како кредибилни партнери во НАТО и ја поздравија соработката меѓу државите како дел од ОБСЕ. Северна Македонија високо ја цени поддршката која ја доби и од Сојузна Република Германија за македонското претседавање со ОБСЕ оваа година.

Премиерот Ковачевски и канцеларот Шолц говореа за важноста на максимална заложба на Германија за засилување на европската перспектива на нашиот Регион, со што ќе се обезбеди стабилност и развој на Западен Балкан.

На средбата беше потенцирано дека двете земји имаат исклучително висока економска соработа и традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Македонија, со голем број на директни инвестиции на германски компании во земјава.

Премиерот Ковачевски на средбата потенцираше дека му е благодарен на германскиот народ и Бундестагот за усвоената Резолуција која е конкретен и многу важен чекор што Германија го иницира и ќе биде од клучна важност во напредокот на Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ.

Германија останува посветена на процесот на проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан и дава охрабрување во натамошните чекори за приближување кон Унијата.