Средба на Иванов и Радев во Дојран

0
271

Претседателот на Бугарија Румен Радев денеска во Ново Село беше пречекан од македонскиот претседател Ѓорге Иванов, кој потоа замина за Дојран каде попладнево одржуваат работна средба.

Радев денеска присуствуваше на бугарските воени гробишта во Ново Село, каде беше одбележан „Денот на храброста и Денот на Бугарската Армија“, кои се слават на празникот Ѓурѓовден.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов не присуствуваше на одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на бугарските гробишта во Ново село.

Исто така на чествувањето присуствуваа бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, претставници на Националната гарда на Бугарија, воени аташеа, амбасадори, поглаварот на МПЦ-ОА, Архиепископот Охридски и Македонски господин господин Стефан.