Средба на Петровска со Амбасадорката на Србија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Градоначалничката Петровска оствари средба со српската Амбасадорка Душанка Дивјак Томиќ. На средбата се разговараше за можноста за соработка на овие две земји како и за отворање на бизнис заедници.

– Востановивме дека, културната соработка која што постоела во изминатиот период и која што ги зближувала овие народи мора да се продлабочува и да продолжи поинтензивно. Меѓутоа, она што е позначајно и за двете држави е отворањето на можности за соработка на бизнис заедниците во една операционализација, која што ќе покаже брз ефект. Убедена сум дека оваа средба ќе значи продолжување и продлабочување на соработката на двете држави”, изјави градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска

Постои искрено пријателство меѓу двете држави и постојат реални основи за продлабочување на односите меѓу двете пријателски земји, Македонија и Србија.

– Битола има побратимска соработка со неколку општини во Србија, тој облик на соработка ги зближува овие народи, во иднина ќе гледаме оваа соработка да ја обновиме и да ја прошириме и со некои други Општини кои досега не биле активни изјави Душанка Дивјак Томиќ Амбасадорка на Србија во Македонија

На прашањето за тоа дали Македонија и Грција ќе постигнат договор за решавање на името амбасадоррката изјави дека Србија сака да се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и поддржува се што ќе договорат двете земји.

– Република Србија и посакува на Македонија се најубаво како на близок сосед и традиционален пријател. Искрено се надеваме дека ќе се реши прашањето меѓу Македонија и Грција и на тој начин целиот регион да се придвижи и да се искористи историската шанса посочена во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, а тоа е членство во ЕУ, изјави амбасадорката Дивјак Томиќ

Оваа средба е прва помеѓу Амбасадорката со градоначалничката Петровска на која и двете дадоа свои предлози како досегашната успешна соработка би можеле уште повеќе да ја унапредат.

Share.