Средства и за Битола за имплементација на Сратегијата за Ромите

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Потпишани 16 договори со општини на кои ќе им бидат распределени средства од Буџетот на Република С. Македонија за 2019 година за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите, соопштија од Министерството за локална самоуправа.

На средбата присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, министерот без ресор во Владата на РСМ, г-дин Музафер Бајрам, надлежен за имплементација на Стратегијата за Ромите, градоначалниците и претставниците на општините.

Предвидени се вкупно 3 милиони денари за 16 општини и истите ќе се распределат во еднаков дел од по 150.130 денари, додека останатиот дел во износ од 597.920 денари ќе се распредели по бројот на Ромите по општини. Средства ќе добијат општините: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Чаир, Битола, Тетово Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Виница, Дебар, Велес, Делчево, Берово и Пехчево.

Со ова одлука, Владата уште еднаш ја потврдува заложбата за инвестирање во сите региони на земјата со цел да придонесеме што е можно повеќе за подобрување на уловите за живот на нашите граѓани, велат од министерството за локална самоуправа.

Share.