Македонскиот поп-пејач Јоце Панов постигна голем успех со претплоседната песна Погрешна“ и со својот видеоспот снимени за белградската „Гранд продукција“. Но тој тука не застана. Веднаш по празниците се одлучи да ја воодушеви публиката и своите фанови и им подари нова песна на која напорно работеше претходниот период. Песната е со наслов „Среќа во несреќа“ исто така снимена за Гранд.

За разлика од неговата претходна песна која имаше побрз ритам, овојпат Панов покажа една поинаква емоција во баладата која ја освои публиката на првото слушање, а кадрите од спотот што го сними Дејан Милиќевиќ ја раскажаа филмската приказна за само неколку минути.
Овој проект има посебен шарм за пејачот бидејќи музиката и текстот ги напиша заедно со Драган Брајовиќ Браја, а аранжманот го направи сам. Покрај нова песна, штипјанецот Панов, со скопска адреса, има и нов имиџ.












