Среќен роденден СН сервис

0
908

Ние веруваме дека нашата работа денес, ја гради нашата репутација утре-ова е мототo по кое веќе една година успешно постои компанијата СН сервис.
Пред  своите соработници и пријатели го одбележаа роденденот.
СН Сервис е лиценциран станбен управител, за домување, управување и одржување на станбени, станбено-деловни и деловно-станбени објекти согласно одредбите од Законот за домување.
– Управувањето на вашите објекти е наша грижа-велат Никола Субашевски и Стефан Димовски и додаваат- Ние ќе ви помогнеме за да го вратите вистинскиот изглед, сигурноста и топлината на вашите објекти. Тим од професионалци од повеќе сфери работат на проекти за ефикасно управување со вашиот дом.
Согласно на утврдените високи стандарди на работа, за кратко време стекнуваат одлична репутација како кај клиентите, така и кај соработниците.
На клиентите им нудат различни можности за нивниот имот, во согласност со нивните индивидуални потреби и желби. Независно од личните преференции и приоритети, секогаш применуваат индивидуален пристап, персонализиран однос и висока посветеност.

Нивните вештини и искуство гарантираат дека можат да се погрижат за секоја  потреба на клиентите, поврзана со финансиско или административно управување, хигиена или техничко одржување. Пакетите со услуги кои ги нудат се креирани да одговараат на потребите на клиентите, со реални цени, соодветен квалитет и брза и ефикасна услуга.

СН Сервис не е уште една компанија за управување со имот, тие одговараат за преземените обврски и работат за целосно задоволство на нивните клиенти и заштита на нивните интереси.

Тимот на професионалци од СН Сервис се грижи за комплетно техничко одржување на  имотот. Логистичката подготвеност на тимот гарантира доаѓање до клиентите во рок од 4 часа. Соработуваат со голем број на подизведувачи кои се специјализирани во доменот на градежно занаетчиските  работи.

Дозволете професионалниот тим на СН Сервис да се грижи за комплетната хигиена на вашиот дом, чистење на мебел, теписи, подни облоги, прозорци, врати, покуќнина, полирање на мебел, подови и стаклени површини, чистење на оџаци, дворови, гаражи, визби, тераси, чистење на градежен шут, како и хортикултурно уредување на вашиот двор.
Среќен роденден СН сервис.