Среќен 10-ти роденден Дрим Каст продукција

0
896

Во 2008 година неколку ентузијасти, вљубеници во креативните идеи и продукцијата, ја создаваат Дрим каст. Оваа продукција за овој краток период може да се пофали со многу завршени проекти, различни видео спотови, реклами, кратки филмови, промотивни видеа и друго, а најпрепознатливи се со соработката со Солза и Смеа.
Пред многубројните свои соработници, но пред се пријатели го прославија својот 10-ми роденден, но и како што си носи традицијата го промовираа и роденденското видео.

Овојпат филмот е со наслов Кочо.

Она што беше карактеристично за 10-тиот јубилеен роденден на Дрим Каст беа подароците кои екипата на оваа продукција ги подари на сите присутни на роденденската забава, а нивни соработници повеќе години.