Срните на Пелистер

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Снегот добредојден за љубителите на планината. Баба планина со врвот Пелистер е во снежна покривка. Едни скијат и уживаат во зимските спортови, други шетаат низ планината, а трети се грижат за животните.

Во рамките на редовните активнности, особено кога условите во планината се посурови (голем снег), од страна на чуварската служба на паркот се спроведуваат активности за прихрана на животните и птиците.

Новите снежни врнежи ја направија оваа потреба ургентна, па така измиативе денови беше распоредена храна и минерални соли во пределот на стопанската единица Пелистер, над селата Цапари и Нижополе, како и во стопанските едеиници Вртушка (Маловиште) и на Преспанската страна на на НП Пелистер, во стопанската единица Брајчино, над село Брајчино. Вкупно беа распоредени 80 кг сол, 100 кг пченица, 50 кг пченка, 7 пакети со минерали и 35 бали со сено. 

Кога снежната покривка на Пелистер е висока, прихраната е  добредојдена за дивечот. Фотографите  од овие срни на хранилишта е направена  со системот за мониторинг на крупниот дивечот во Националниот парк “Пелистер” каде во ноемви минатата година се поставени 10 фото замки на повеќе локации.

„Набавката на системот, кој покрај камери содржи компјутерска и друга пропратна опрема е спроведена во рамки на проектот „Поддршка за подобро управување со природните ресурси во Националниот парк Пелистер.
Овој проект го имплементира ЦеПроСАРД во соработка со НП Пелистер, како дел од Програмата за подобување на управувањето со заштитените подрачја, финансирана од Европската унија, а ја спроведува УНДП“  вели Пеце Цветановски од Националниот парк „Пелистер“.
Еве што деновиве регистрираа камерите во националниот парк.

Share.