Традиционално, по 30 пат во организација на Зедницата на Србите од Битола, големиот српски празник Видовден викендов беше одбележан со собир во манастирскиот комплекс Св.Преображение над селото Буково.

За српскиот народ Видовден е историски важен датум поради прочуената Косовска битка, загинувањето на кнез Лазар во 1839 година, но и поради повеќе значајни настани од историјата на српската држава, како што се прогласувањето на војна на Турција во 1876 година, атентатот на автсроунгарскиот војвода Франц Фердинанд во 1914 година, донесувањето на Видовденскиот устав во 1921 година и др. Претседателот на Заедницата на Србите од Битола се заблагодари до сите гости за присуството и потсети на историјата на српскиот народ.
„ Видовден е еден од најсветлите празници за Србите во историјата, минатата година реков но и оваа година ќе кажам дека историјата на Србите се дели пред Видовден и после Видивден. Морате да разберите само една работа кога Србите велат дека се небиски народ и да занаете зошто се небески народ. Небески народ се затоа што во 1389 година на Косовското поле српските војници и борци одлучиле да го напуштат ова земско царство, да едноставно ги жртвуваат своите животи и да преминат во тоа небеско царство. Зошто тоа го кажувам? Затоа што тие лесно можат да се договорат со султанот Мурат и да работат за него и не би имале никаков проблем , како што денес тоа некој го прават овде па и на целиот Балкан. Затоа почитувајте ги тие луѓе и учете ги своите деца и своите поколенија. Видовден е исто како да имате слава на светец еден од најголемите празници и многу нешта се случувале во српската историја околу Видовден . Обавезно овај празник треба да го одбележуваме. Ете ние одлучивме во овие 30 години нешто да правиме, да се собираме пред се со нашите фамилии, но и со нашите приајатели Македонци коишто се овде и мене ми е многу драго што секогаш ни помагаат и доаѓаат тука. Кажувајте им на вашите деца што значи празникот Видовден“, рече Зоран Жугиќ, претседател на Заедницата на Србите во Битола.

На одбележувањето на овај голем празник дојде и градоначалникот на Битола Тони Коњановски. Го придружуваше директорот на Нискоградба Зоран Талевски.

„Почитувани сограѓани, драги пријатели, благодарам за поканата, чести и задовослтво е да се биде на ова свето место и да го прославиме овај свет празник за Србите, да го прославиме и нашето меѓусебно пријателство и соживот овде во Битола кој повеќе години овде го гаиме сите заедно. Заедницата на Србите и Зоран Жугиќ во својство на претседател сега се секогаш граѓани на Битола со кои заедно сме поминале многу години, тука се израснати, тука се нивните семејства. Битола е место за почит како едно пријателство се негува мешу Србите и Македонците“, рече градоначалникот на Битола Тони Коњановски.

Кум, односно дамаќин на прославата беше Ѓорѓи Јорданов.
„Живеам во Битола. Дојдовме да го одбележиме празникот Видовден. Сите се собравме вака во добро расположение. Прво сакам да му се заблагодарам на г-н Зоран Жугиќ што го организира ова на овај ден, така што сите заедно можеме да поразговараме и да се подружиме. Секоја година доаѓаме овде, се собираме како за Видовдан така и за Свети Сава“, рече Ѓорѓи Јорданов.

Срби, Македонци, со своите семејства и пријатели заедно го одбележуваат празникот Видовден.
„Тука живеам, а доаѓам од Пожаревац , тука сум женет уште во поранешна Југославија. Беше убаво за сите, братство и единство, Македонци и Срби мешани сите заедно. Секоја година доаѓаме овде во манастирскиот комплекс. Има млади има и повозрасни, сите заедно веќе 30 години го одбележуваме овај празник“, рече Слободан Перишиќ
На свеченоста имаше и гости -иселеници кои живеат во Канада.
Држбата траеше до доцните попладневни часови. Инаку во Битола живеат над 1.000 Срби.












