Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, на скопскиот аеродром ја пречека српската премиерка Ана Брнабиќ, која денеска ќе престојува во посета на Македонија.
„Ѝ посакав добредојде на српската премиерка Ана Брнабиќ и изразив големо задоволство за нејзината посета на Скопје. Во време на предизвици со кои се соочува Европа и регионот, имаме актуелни теми за разговор поврзани со напредокот во евроинтеграциите на двете пријателски земји, меѓусебната соработка и околу подготовките и активностите на Самитот на „Отворен Балкан“, кои ќе ги отвориме на состанокот заедно со премиерот Димитар Ковачевски“ вели Маричиќ.
Брнабиќ прво ќе оствари работна средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која присутен ќе биде и вицепремиерот Маричиќ.
Брнабиќ заедно со Ковачевски ќе присуствува и ќе се обрати на самитот што го организира „Македонија 2025″.












