Филмот „Си беше еднаш во Србија“ на режисерот Пeтар Ристовски и авторот и продуцентот Звонко Шимунец, е приказна за Лесковац – „српскиот Манчестер“, -кој станува дел од Европа помеѓу двете светски војни. Остварувањето зборува за вистинските вредности, пријателствата кои опстојуваат и искрената љубов. Начин на кој двете големи љубовни приказни и подготвеноста да се поднесе жртва во име на соништата, го означија патот и ја отворија вратата кон иднината.
Галеријата на блескави филмски ликови ги толкуваат најпопуларните српски актери: Виктор Савиќ, Слобода Мичаловиќ, Предраг Мики Манојловиќ, Радован Вујовиќ, Немања Оливериќ, Теодора Ристовски и многу други. Двајца од нив со покана до публиката.

„Дојде и тој момент, филмот „Си беше еднаш во Србија“ да дојде и кај вас. На 2- ри мај сме во Скопје, а потоа дистрибуцијата тргнува низ цела Македонија. Дојдете да го видите филмот, навистина е еден семеен топол филм, пред се да видите две љубовни приказни кои имаат убав и среќен крај. Дојдете да го видите филмот, дојдете да се дружиме, а пред се сакам после филмот да размениме мислења. Поздрав од Слобода Мичаловиќ и гледајте го филмот“ вели актерката Мичаловиќ.

„Големо е задоволството што нашиот филм ќе го види публиката во Македонија и сигурен сум дека ќе ја почувствува топлината која овој филм ја носи, како и универзалната порака, а тоа е дека љубовта е патоказот до големите дела“ вели актерот Виктор Савиќ.

Филмот „Беше еднаш во Србија“ е дел од мултимедијалниот проект за враќање на сеќавањето на античкиот период на експлозивниот развој на Лесковац.
Во рамките на овој уникатен проект, кој започна во 2012 година, беше објавена монографија за златниот период на овој град, беа одржани изложби и предавања, а покрај играни филмови беа креирани и документарни филмови.

Дополнително на сето ова, преку бројните појавувања во медиумите домашната јавност дополнително се потсети на историјата на единствениот светски „Мал Манчестер“, на крајот на векот.
Нека продолжи „Беше еднаш“!












