СРЦ „Кале“ е нов македонски дом на кошарката

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот Перо Антиќ ја информираше јавноста за остварување на една од целите во својата програма. Големата сала на „Кале“ станува дом на кошарката каде треба да се развива овој спорт во сите категории.

„Знаете дека во програмата ставивме дека акцент ќе биде ставен врз обезбедување на услови за младите кошаркари. Денеска е голем ден, добиваме свој дом, јас лично сум презадоволен што како куќа на кошарката добиваме сала што ќе ни биде на располагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. Голема благодарност до одговорните лица кои ни излегоа во пресрет. Салата ја добиваме во одлична состојба, а веќе се започнати процеси за реновирање. Потребни ни се нови два коша според ФИБА пропозиции, нов семафор и генерално реновирање, но имаме доволно време да ги средиме сите детали околу тоа. Се надевам дека и во иднина ќе се обезбедат услови за федерацијата комплетно да се пресели во нашата спортска сала“, истакна претседателот на КФСМ, Перо Антиќ

„Голема благодарност до сите кои го овозможија овој момент, салата да дојде во користење на КФСМ. Оваа сала ќе биде исполнета со такви активности, за развој на кошарката, на младинските категории. Во текот на летото имаме голем број на активности со младите репрезентации, а потоа во текот на годината ќе преминеме и на работа на индивидуален план со младите кошаркари. Нема да останат изоставени и снеиорските тимови на кои ќе им биде овозможено да тренираат во кое било време. Кажавме и претходно дека на федерацијата ќе и помагаат тренери од странство со огромно искуство зад себе кои сигурно ќе придонесат за доедукација на нашите тренери“, дополни спортскиот директор Тодор Гечевски.

Share.