Ставре Јада последен на првиот олимписки настап во Пјонгчанг

0
761

Македонскиот нордиец Ставре Јада мина последен низ целта на денешните квалификации во спринтот во класичен стил.

Тој го освои 79. место од 80 натпреварувачи, но еден беше дисквалификуван. Јада имаше време од 4 минути, 23 секунди и 85 стотинки, и задоцнување од речиси 18 секунди зад натпреварувачот пред него.

Македонскиот нордиец имаше задоцнување од една минута и 15 секудни зад побендикот во овие квалификации, Ристомати Хакола од Финска.