Стари трактори на Тракторијада во Могила

0
1845

За прв пат годинава на тракторијадата во Могила посетителите имаа можност да ја погледнат изложбата на стари трактори олдтајмери. Некои од сопствениците велат дека незнаат колку се стари, некои беа со година на производтаво од 73 до 77, но карактеристично за сите беше тоа што никој не сака да се откаже од нив, ниту пак да го замени стариот трактор со нов. Со нив велат дека го обработуваат целото нивно земјиште.


Дарко Шамбевски беше најмладиот љубител на трактори олдтајмери . Тракторот со кој што се претстави на Тракторијадата во Могила го купил пред две години, и со него обработувале 50 хектири земја.

На манифестацијата „Тракторијада 2017“ дошле на повик од општината. Прашавме како и на кој начин ги одржуваат.
На Тракторијадата годинава се претставија 12 компании. Сите компании добија и благодарници за учество и реализација на Саемот. Благодарници добија и сопствениците на тракторите олтајмери. Саемот за Земјоделство – Тракторијада 2017 го организира Општина Могила  заедно со Локалната Акциона Група “ПеЛАГонија“.