Стартуваат изборите за Европскиот парламент

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Повеќе од 400 милиони луѓе со право на глас од денеска до недела ќе избираат нов состав на Европскиот парламент.

На претходните избори во 2014 година одѕивот беше 40 насто, односно гласаа над 168 милиони луѓе. Се избираат 751 пратеник на петгодишен мандат. Секоја земја избира различен број пратеници, приближно во согласност со нејзиното население. Германија избира 96 пратници, Франција 74, Британија 70, а на пример Ирска 11, а Летонија 8 пратеници. Резултатите се очекуваат в недела во 23 часот.

slobodnaevropa.m

Share.