Стартуваше повторното судење за Монструм

0
239

Со читање на обвинителниот акт денеска во Кривичниот суд започна повторното судење за случајот „Монструм“, односно за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилковски езеро.

Повторното судење почна бидејќи пред три месеци, Врховниот суд поради низа недостатоци ја укина првостепената и второстепената пресуда. Наместо обвинителката Гордана Гешкоска која го напиша обвинителниот акт, сега обвинението го застапува нов обвинител Наум Пановски.