Статистиката на полицијата вели дека има намалување на кривичните дела

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во текот на првото тромесечие од 2018 година, Секторот за Внатрешни работи Битола констатира поволна состојба во делот на вкупните кривични дела, односно зголемена реализација во однос на предходната година како и намален број на пријавени кривични дела.
Полицијата вели дека зголемената ефикасност на нејзиното работење резултира со зголемена реализација во борбата против криминалот.

Во првото промесечие за 2018 година регистрирани се вкупно 712 кривични дела, за разлика од првото во 2017 година каде вкупниот број на кривични дела изнесува 822 или намалување за 13%.
Вкупниот број на поднесени кривични пријави во првото тромесечие во 2018 изнесува 335 за разлика од минатата година, каде бројот на поднесени кривични пријави изнесува 291, односно зголемена ефикасност за 15%.

Вкупно евидентирани се 36 кривични дела од економски криминал , за кои во однос на поднесени кривични пријави од економски криминал полицијата вели дека бележи 100% зголемување, за разлика од минатата година, односно во 2018 година за прво тромесечие се поднесени 28 кривични пријави, додека во 2017 година бројот на поднесени кривични пријави од економски криминал изнесува 14.

Регистрирани се 22 кривични дела од недозволена трговија ,а поднесени се вкупно 20 кривични пријави или зголемување за 82% споредбено со 2017 година.

За ова тромесечие пронајдена е поголема грамажа на наркотична дрога марихуана како и наркотична дрога хероин, за што следуваа кривични пријави во месец Април.

Во однос на кривичните дела од класичен криминал полицијата бележи намалување за 17 % во однос на мината година, односно во првото тромесечие за 2018 вкупно пријавени кривичните дела од класичен криминал се 651, а во 2017 година биле пријавени вкупно 784 дела.
Ефикасноста во расветлувањето е зголемена за 5% .

Последниот период има тренд на намалување на тешките кражби, посебно во Битола и Прилеп, а најчесто се тешки кражби со незначителна материјална штета.

Кај тешките кражби во куќи и станови исто така во последниот тромесечен период имам намалување и тоа на подрачјето на Битола за овие три месеци имаме вкупно регистрирани 51 тешка кражба во куќи и станови и ако се спореди само со последниот месец Март има намалување за 7 % споредбено со 2017 и намалување од 58% споредбено со 2016 година.

Во однос на јавниот ред и мир за прво тромесечие од 2018 година имам 113 пријавени прекршоци, односно намалаување за 13% во однос на минатата година, каде пријавени биле 130 прекршоци за првото тромесечие. Според видот најчести прекршоци се физичките напади, тепачки ,карање викање, мал дел оддавање на пијанство и тн.

Во поглед на сообраќајот за првото тромесечие во 2018 година има вкупно 69 сообраќајни незгоди со потешки последици, каде во однос на минатата година бројот на сообраќајните незгоди со потешки последици изнесува 59.

Загинати лица во сообраќајни незгоди се 4 за 2018 и тоа сите се на подрачјето на Прилеп , каде за разлика од мината година бројот на загинати лица е 1.

Повредени се 107 лица во сообраќајни незгоди, споредбено со 2017 биле 87. За 19 % зголемени се и сообраќајните незгоди со материјална штета.

Во интерес на безбедноста на граѓаните, Секторот за Внатрешни работи Битола, апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со посебен акцент на управување на возило под дејство на алкохол, присподобување на брзината спрема условите, состојбата на патот, ограничувањата како и паркирање на места кои се определени за таа намена со цел нормално и непречено одвивање на сообраќајот.

Share.