Стевановски ги повика граѓаните да му ја дадат довербата

Денес кога стојам тука пред Вас на ден пред Вашиот Избор, сакам да Ви се обратам Вас.  Јас одлучив да бидам со Вас. Но Вие сте тие кои ќе го направите изборот со кој наредните 4 години ќе се будите и  заспивате.Вие кои во овие 4 години ќе бидете опсипани со одлуката која ќе ја донесите на 17 октомври. Затоа, направете разлика на овие 4 поминати години.Видете и сетесе за миг дека бевте заборавени и устрамени, рече Стевче Стевановски, кандидат за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и колицијата .

„17 Октомври е ден кој носи новина. Новината ќе биде реалност.Љубе ќе биде минато.Новаци ќе донесе храбра одлука.Вие ќе издејствувате свој нови погледи. Промените ќе ги почувствувате Вие. Проектите ќе започнат и тие ќе продолжат за здрава младина, ќе продолжат за тука, за здрава животна средина, за платен земјоделски труд, и за Ваш просперитет.Победите ќе бидат нешто со што ќе се гордеете.Создадете нова и просперитетна иднина.Иднина со која Вие заедно со мене Стевче Стевановски кој сум еден од Вас ќе бидете горди и неуцентеи луѓе.Ќе бидете среќни што ќе може заеднички да ги согледаме и реашаваме нашите проблеми. Затоа на 17 октомври гласајте за број 7.Гласајте за советничката листа на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата Обнова за Македонија. Гласајте за мене Стевче Стевановски како ваш градоначалник“, рече Стевановски.

 

 

Сподели