Стела Мекартни ја објави својата колекција за Пролет/Есен 2021

 

Од почетокот на пандемијата кога дебатите за промени во модната индустрија започнаа, пред колекциите станаа многу популарни. Можеби очекувавте и Стела Мекартни да го следи трендот на обновување на изворите на енергија со оглед на тоа што таа е гласен борец за тоа. “Не сакам да ги нарекувам пред колекции, јас лансирав Пролетна и Есенска колекција, не знам зошто луѓето од модниот свет ги викаат пред колекции. Тоа ми делува како оваа колекција да е помалку важна од онаа што следува. Јас верувам дека се што е создадено треба да има своја вредност и да е ценето.”

 

 

Есен 2021 на Стела Мекартни е колекција која гласно кажува за се што стои зад брендот и уште погласно повикува на обновување на изворите на енергија во иднина. И во оваа колекција таа го одржа ветувањето, колекцијата е 80% био разградлива и не е штетна за планетата земја. А тоа може да го препознаете во секое парче облека и секој аксесоар. Тоа е нешто што целосно го одвојува овој бренд од останатите.

 

 

Таа потврди дека за разлика од другите брендови кои на крајот од сезоната она што нема да се продаде го палат или закопуваат, таа ги преработи старите модели од 20 години наназад и направи сосема нови.

Таа е позната по тоа што не создава многу исти парчиња на облека од еден модел, нејзината продукција е ограничена а облеката е уникатна.

“Решена сум да ја спасам оваа планета. И тоа ми создаде еден прекрасен проблем немам многу отпад. Кога ја работев колекцијата порачував и додатни материјали но, многу прецизно за да немаме отпад.”

 

 

Сега Стела Мекартни работи со нејзината матична куќа Луј Витон Моет Хеннеси за да го сработи и нивниот екстра отпад. Оваа колекција ја искористи за да покаже како рециклирањето може да вроди едно ново креативно ниво кое ќе биде исто толку убаво. Таа најмногу обрнува внимание на удобноста и комфорот кој колекцијата го нуди.

 

 

Во склоп на таа филозофија е и идејата дека облеката станува подобра како што старее, безвремена.

Помеѓу многуте дизајни тука е и “Стела Веар” колекцијата за долна облека и костими за капење изработени од рециклирани материјали, спој помеѓу најлон и мрежи за рибарење и нетоксичен еластин, a овој пат лансира и рециклирачки синџири на познатата Фалабела ташна која неодамна постигна рекордна бројка од 1 милион продадени ташни.

 

 

“Мојата колекција зборува за 400 крави кои не беа убиени, и кога ќе видите колку пластика од океанот искористивме, колку шуми не отсековме и колку вода не потрошивме, ова што го направивме е прекрасно!”

 

Сподели