Стенд ап комичарот Никола Тодороски со шоу во Битола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Вештачка интелегенција и природна глупост е насловот на стен ап шоуто на охридскиот актер Никола Тодороски, со кое балканската турнеја ја започнува токму од Битола.

Познатиот актер и стенд ап комичар ветува многу смеење и забава.

Шоуто ќе се одржи во Народниот театар Битола на 20 ти април.

Никола Тодороски е професионален актер во охридскиот Народен театар, познат стендап комичар кој зад себе има реализирано бројни успешни настапи во Македонија, Балканот и Европа, член на првиот клуб за стендап комедија на Балканот, добитник на престижната награда „Најдобар машки стендап комичар за 2013 година“ на првата интернационална манифестација Stand up Adria Awards 2014.

Минатата година ја реализираше претставата чија премиера беше во Охридскиот театар со наслов Баал, на Б.Брехт во режија на Андреј Цветановски, за која музиката ја напиша Димитар Андоновски.

Share.