Стејт департмент: САД задоволни што Македонија се приклучи на акцијата против Русија

0
226

Американскиот Стеjт департмент во изјава за МИА денеска укажа дека САД се горди што Македонија се приклучи на заедничката американско-европска акција против Русија за неодговорното однесување.

Македонија завчера протера еден руски разузнавач и стана дел од акцијата на САД, Канада и дваесет други европски земји во која беа протерани вкупно 139 руски дипломати и разузнавачи од тие земји како одговор на нападот со отровен нервен агенс во Солсбери, Велика Броитанија.

„Јасно демонстриравме дека сме солидарни со Велика Британија и испративме јасна порака дека со своето неодговорно однесување Русија плаќа висока цена. Продолжуваме да се координираме со партнерите и сојузниците, а оние кои се уште не го сториле тоа ги охрабруваме да преземат мерки за испраќање на слична порака до Русија“, се вели во изјавата.

На прашање на дописникот на МИА од Вашингтон дали сојузниците како САД, Германија, Франција или Велика Британија ѝ гарантираат на Македонија одбрана од секоја можна идна уцена или закана од страна на Русија во однос на членството на Македонја во НАТО, официјално лице од Стејт департментот посочи дека САД нема да шпекулираат во однос на идните акции на соујзниците.

„Уште еднаш нагласувам, демонстриравме дека Русија плаќа висока цена за своето неодговорно однесување насекаде низ светот“, изјавија од Стејт департментот.

mkd.mk