Стиотина повредени во земјотресите во Албанија

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 10 луѓе се повредени во силниот земјотрес кој ја погоди вчера Албанија.

Во земјотресот се оштетени околу 300 куќи, а на 20 станбени згради се појавиле пукнатини.

Албанскиот премиер Еди Рама поради земјотресот го откажа патувањето во Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.

На седницата на владата е одлучено полицијата да биде во состојба на зголемена готовност за да ја контролира ситуацијата по земјотресот кој најмногу се почувствува во Тирана и во Драч.

Тлото во Албанија и денеска не мирува. Земјотрес во 9 часот изутринава е регистриран со јачина од 3,5 рихтерови степени, а во текот на целиот ден има послаби потреси.

 

Share.