Стипендија од МИТ универзитетот за најкомплетен студент

0
346

Преку креативна игра и борба до стипендија за студирање на МИТ Универзитетот во Скопје. Битолските матурантите преку креативно себепретставување, дебатирање, покажување на личните квалитети и вештини, имаа можност да се стекнат со звањето најкомплетен матурант и да влезат во финалето за добивање на стипендија за студирање на МИТ универзитетот од Скопје.


-Денеска сме тука во еден состав за да избереме најкомплетен матурант на општина Битола. Станува збор за креативен приод во изборот кој не значи типичен тест на знаење, туку повеќе покажување на комплетна личност, афинитет, интерес , сопствени познавања, таленти итн. Преку дебатна игра која има забава и борба, и со сето тоа да дојдеме до оние кандидати кои имаат повеќе приод во тие креативни игри, рече проф.д-р Мирослав Пендаровски, декан на Факултетот за писхологија при МИТ универзитетот.

Вакви средби со матутрантите МИТ Универзитетот одружува во сите општини во Македонија, каде што од сите градови се избира полуфиналист кој ќе земе учество во големото финале кое што ќе се одржи во Скопје во месец мај.


-Тој ученик ќе учествува во финалето што ќе се одржи на МИТ универзитетот во Скопје, и заедно со другите колеги од цела Македонија кои се избрани од своите општини , ќе се борат да добијат едно од првите места кој водат до стипендии на МИТ универзитетот, додаде Пенадровски

МИТ Универзитет како високо-образовна институција се формира во 2007 година. Почнува како Факултет за менаџмент и информациски технологии. Во рамки на Универзитетот функционираат 8 високообразовни единици. Деканот на Факултетот за психологија вели дека интерес кај студентите има за сите единици, зависи вели од личните афинитети на студентите. При изработката на наставните програми, заради компатибилноста на програмата со европскиот, но и светскиот систем на образование и поради можноста за мобилност на студентите, внимавано е програмите да соодветствуваат на веќе признатите светски програми, што значи дека секој студент кој би сакал да изврши трансфер во друга земја, истото непречено би можел да го оствари.


Досега најкомплетниот матурант е избран од Велес, Куманово, Кавадарци, Охрид, и Битола. Потрагата по најкомплетен матурант МИТ Универзитетот ќе ја породолжат и во другите општини од држвата. Од таму велат дека универзитетот е извор на знаење во кои се испреплетени теоријата, праксата и науката. За таа цел создоа и свои научно-истражувачки лабаратории во кои секојдневно работат професорите, студентите и еминентни светски стручњаци , а своите врвни научни резултати ги имплементираат во стопанството. МИТ универзитетот располага со современио опремен центар за теоретска и практична настава која се простира на речиси 2000 метри квадратни во Скопје, и на неколку локации за практична настава во Македонија.