ТЕРА

REKLAMA???

СТОЕЧКИ ОВАЦИИ ЗА БАЛЕТОТ „ПЕПЕЛАШКА“ ВО БИТОЛА

Современиот балет за возрасни и деца во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, на Македонската опера и балет, гостуваше во Центарот за култура. Оваа балетска продукција претставува современа бајка за сите возрасти, во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ. Костимографијата е на Катерина Радошевиќ Галиќ (Хрватска), а сценограф е Филип Коруновски.

Гостувањето на македонската опера и балет е дел од годишната програма на Центарот за култура Битола. За балетската претстава во Битола се бараше билет повеќе. Уметничката директорка на Балетот, Олга Панго изјави дека секогаш е задоволство гостувањето во Битола.

Оваа „Пепелашка“ е сместена во 1970-те, во време на премиерата на познатиот филм „Брилијантин“.Кореографот Александар Илиќ работи и како и професор, а основач е на Институтот за уметничка игра.

Во насловната улога настапува Христина Наќевска, во улогата на принцот Мирослав Митрашиновиќ. Во останатите улоги се :Вила Ангел: Саша Евтимова, Маќеа: Марија Јосифовска Ристовска, Сeстри: Ендру Кук (Англија) и Кристијан Јангос, Татко: Драган Кочоски , Мала Пепелашка: Гала Кочевска. Настапуваат и солистите и балетскиот ансамбл на Македонската опера и балет.

Оваа поставка на „Пепелашка“, го задржува оригиналното либрето, но и се следи современоста.  Претстава која комуницира низ современ кореографски јазик.Тука е оригиналниот синопсис,  музиката на Прокофјев и се она што се главни карактеристики на оваа бајка, а тоа е љубовта, и дека добрината ќе го спаси светот.