Стоилковски: Време е Заев да понесе одговорност на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ВМРО ДПМНЕ побара од премиерот Заев да си поднесе оставка.

„Единствен начин Зоран Заев да и помогне на Македонија е самиот да ја понесе одговорноста на вечерашниот состанок на ЦО на СДСМ.

Граѓаните на избори веќе му кажаа дека треба да си замине заедно со криминалната, расипничка и антидржавна политика што ја практикува повеќе од две години. Заев загуби во повеќе од половината општини во Република Македонија бидејќи лагите и измамите веќе не минуваат.

Точно е дека одговорност имаат и претседателите на општинските организации на партијата кои молчеа и го поддржуваа криминалот на Заев и на неговите соработниците само за некое вработување или поситен бизнис. Тие треба да бидат сменети, но најголемата одговорност е лично кај Заев и кај неговите први соработници.

Зоран Заев мора да понесе одговорност за не добивањето датум за преговори со ЕУ и за лагата дека датата „кристално чиста е добиена уште лани“, рече Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Share.