Столтенберг побара поголем буџет за НАТО

0
218

За да ги одржиме нашите земји безбедни потребни ни се повеќе воени расходи, инвестиции во клучните капацитети и сили за мисиите и операциите на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој ги повика европските сојузници и Канада да продолжат со зголемување на трошоците за одбрана во моментот кога НАТО ги проширува своите командни центри, како одговор на руските активности.