Столтенберг: Северна Кореја претставува закана за сите членки на НАТО

0
177

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на Конференцијата за безбедност во Минхен предупреди дека Северна Кореја претставува закана за сите членки на Алијансата.

– Северна Кореја продолжува да ги развива своите нуклеарни и ракетни програми кои претставуваат закана за сите нас. Сите сојузници сега се во полето на дострел на севернокорејските ракети, истакна тој.

Тој истакна дека Пјонгјанг е поблиску до Минхен отколку до Вашингтон и повика на максимален притисок врз Северна Кореја за откажување од својата нуклеарна програма. Според него, тоа може да се постигне само со политички и дипломатски средства, но и преку ефикасни економски санкции.

Столтенберг рече дека Русија и Кина имаат посебна одговорност за ова прашање како членки на Советот за безбедност на ОН и непосредни соседи на Северна Кореја.

http://a1on.mk