Стотина македонски патници заглавени на скопскиот аеродром, авионот за Хургада не стигнал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Стотина македонски туристи неколку часа се заглавени на скопскиот аеродром.

Тие преку неколку туристички агенции уплатиле аранжман за Египет, но како што велат, авионот за оваа дестинација не стигнал.

Според патниците, агенциите ги информирале дека имало технички проблем со авионот и чекале да стигне нов. Летот требало да биде реализиран еден час по полноќ, а според последната информација, тие треба да полетаат во 10 и 40 утринава пренесува тв24.

Share.