Сто цивили убиени во еден ден во Гута

0
269

Нападите на  сириската војска  вчера забележаа неславен рекорд – највисок број цивилни жртви во еден ден во последните три години, соопшти денеска Сириската опсерваторија за човекови права. Меѓу загинатите има преку 20 деца и 15 жени. Воени авиони и хеликоптери извршиле повеќекратни напади врз источна Гута. Областа била мета и на артилериски оган. Источна Гута се смета за последен регион во земјата кој е под контрола на бунтовниците и со месеци е опколена од владините трупи. Поради целосната блокада, таму се речиси целосно отсечени од надворешниот свет преку 400.000 луѓе.

dw.com/mk