ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО ГО СПАСУВА ЖЕДНОТО БИТОЛСКО ПОЛЕ

Вака велат од Јавното претпријатие „Стрежево“ Битола во екот на големата жештина и големата потреба од вода.

Директорот Граматковски вели дека ги задоволуваат сите потреби на водокорисниците со тоа што испорачуваат и до 9 м3 вода по Главниот доводен канал.

„Поради исклучително високите и натпросечни температури и сушниот период во последните недели, по Главниот канал на хидросистемот Стрежево за водокорисниците се испорачуваат околу 9м3 вода.  Вода се испорачува за земјоделците, РЕК Битола, малата индустрија и околу 300л во секунда вода за населението преку ЈКП Водовод за општините Битола, Могила и Новаци Сите 10 главни цевководи се под притисок а на некои од  нив се испорачува  вода и повеќе од 1000л во секунда. Мораме да напомениме дека само за 20 дена од Јули се потрешени околу 10 милиони метри кубни вода“ вели Граматковски.

Но за жал, вели тој, заради големата суша земјоделците истовремено ги наводнуваат своите култури па така кај последните цевководи на некои делнични цевководи во населените места се појавува и недостаток на вода.

„Апелираме за рационално и планско користење на водатата за наводнување се со цел да се задоволат потребите и на земјоделците и од поодалечените и повисоките места од хидросистемот. Апелираме и самоиницијативно да не се користи хидромеханичката опрема се со цел да не настанат непосакувани дефекти на опремата и цевководната мрежа. Вода има доволно во акумулацијата за сите водокорисници но потребно е штедење. Во овај момент акумулацијата е полна со вода и капацитет од 92 милиони метри кубни. Стрежево водата рационално ја користи со тоа што во овај момент се вклучени 4 те прибрански централи и прво произведуваме струја а потоа ја испорачуваме до водокорисниците“ рече тој.