ЈП Стрежево за месец октомври заштедило 50% на електричната енергија споредбено со октомври минатата година, рече директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски.
„Во изминатиот период по препорака на Владата добивме напатствие за заштеда на електричната енергија. Навистина максималано се вложивме околу штедењето и заедно со вработените во месец октомври можам на задоволство мое и на задоволство на вработените да изјавам дека штедењето во ЈП Стрежево е на високо ниво и заштедивме електрична енергија 50% помалку во октомври во однос на октомври 2021 година“, изјави директорот на ЈП Стрежево Менде Граматковски.












