ТЕРА

REKLAMA???

СТРЕЖЕВО ЈА ЗАПОЧНА СЕЗОНАТА ЗА НАВОДНУВАЊЕ

“Стрежево” спремно ја започна сезоната за наводнување со висок степен на ликвидност и позитивен биланс за 2022 година, рече на денешната прес конференција директорот на ЈП „Стрежево“ Битола, Менде Граматковски.

„Од 1 ви јуни ја започнавме сезоната за наводнување на 20.200 хектари земјоделска површина во Пелагонија а на залиха имаме доволно репроматеријали. По Главниот канал испорачуваме околу 6 m3 вода а со потребната динамика се полнат главните и делничните цевководи.

Моменталната зафатнина на акумулацијата Стрежево изнесува околу 100 милиони m3 вода, имаме одличен водостој на акумулацијата што га­ра­­­нтира навремено и квалитетно во­до­­­снабдување на земјоделските по­­вршини во Пелагонија, водоснабдување на населението преку ЈКП Водовод на оп­ш­ти­ните Би­тола, Могила и Новаци, како и покривање на потребите за водоснабдување на РЕК Би­т­ола, ЗК Пелагонија и локалните инду­­стриски капацитети.

Претпријатието во изминатиот период (2018 – 2023) во цевководната мрежа и Главниот канал вложи околу 97 милиони денари во цевки и хидромеханичка опрема односно околу 10.500 метри цевки од различен профил“ вели Граматковски.