ЈП „Стрежево“ денес изврши рехабилитација и санација на главниот пристапен пат во атарот на село Лера кој води до рекреативната зона Акумулација Стрежево.

Од претпријатието велат дека денешната интервенција е реализирана со сопствени средства и градежна механизација,а зафатот подразбираше вршење на подготвителни работи, адаптација на постоечкиот пат, отстранување на ниската и дива вегетација покрај патот, санирање на критичните места каде е оштетена постоечката подлога и поставување на информативни табли.

Со денешните активности се овозможува подобрено, непречено движење на граѓаните и поголема видливост на патот.

Стрежево уште еднаш покажа дека е посветено за решавање на проблемите на граѓаните од доменот на своите надлежности и секогаш држи до дадениот збор пред граѓаните, велат од „Стрежево“.












