Стрежево ќе гради фотоволтаична централа

Стрежево ќе гради фотоволтаична централа со моќност од 500 киловати, најави денес директорот на јавното претпријатие Менде Граматковски.  Тој на денешната пресконференција се осврна на сработено, на планираните инвестиции за годинава, како и на проекти кои што биле од витално значење за градот Битола и околината за наредниот период.

„Како најголема и најзначајна инвестиција оваа година а ја најавив уште во 2018 година е изградбата на фотоволтаична централана Брана со снага од 500kW. Изградба на фотоволтаичната електрична централа со моќност од 500 kW oчекуваме да ја реализираме крајот на третото или евентуално почетокот на четвртото тромесечје. Треба да се напомени  можноста во нареден период да се изгради плус друга фотоволтаична централа од 500 kW со оглед на тоа што од Mинистерството за економија имаме добиено дозвола за изградба до 1000 kW. Веќе е добиена Премиум тарифа, изработена е локална урбанистичка планска документација, земјиштетото е пренаменето во градежно и најново, вчера објавивме оглас за јавна набавка за изработка на проекти од сите делови (елекротехнички дел, архитектура, статика, животна средина…) Вредноста на оваа инвестиција е околу 21 000 000 денари сопствени средства“, рече Граматковски.

Рече дека ќе инвестираат и во Ски центарот Нижеполе.

„ Стрежево не го заборави Ски центарот. Напротив со пандемијата изминатиот период и шалтерското работење преку соодветни протоколи за заштита од Ковид 19 на Чајџилница, се наметна потреба од изградба на помошен објек до Чаиџилницата кој ние го нарековме “стакларник”, во склоп на Ски центарот Нижеполе изработен од челик и стакло. Со реализацијата на овој проект Чајџилницата ќе прерасне во современо и привлечно место со одличен комфор и топлинска изолација во зимски услови, објект од отворен тип за сите посетители, а граѓаните ќе се чувствуваат удобно за време на нивниот престој во Ски центарот Нижеполе. Планирана вреднос на инвестицијата 1 500 000 денари.Подготвуваме јавна набавка  на проектно-техничка документација за реализација на проектот “Заснежување на ски патеките со топови за снег”, а доколку добиеме и помош од Владата спремни сме да го реализираме и овај проект оваа година“, рече Граматковски.

Кажа дека и во услови на пандемија, минатата година претпријатието инвестирало во нови проекти, кои ги реализирале со сопствени срдства во висина од околу 40 милиони денари.

Сподели