Стручна конференција на Плодност

0
452

Раното детектирање на аномалиите на бубрезите и уринарните патишта е најважен фактор за понатамошно навремено лекување на истите, како и за прогнозата и последиците кои може да се јават при нивно подоцнежно откривање. Ова беше истакнато на денешниот стручен состанок организиран од Болницата Плодност на тема „Интердисциплинарен пристап кај деца со аномалии на бубрези уринарен тракт пренатално дијагностицирани“. – Се што ќе откриете на време вие ќе добиете можност да го испитате навреме и навреме да го лекувате , и на тој начин да спречите понатамошно бубрежно оштетување , значи да ја подобрите како што ние велиме реналната прогноза. Има многу работи со рутинската примена на ехо кои што се откриваат во тек на пренаталниот живот. Но сепак битна е соработката со помеѓу гинеколозите помеѓу педијатриските неуматолози и помеѓу педијатриските нефролози и потоа радиолози и уролози кои што најдобро ги знаат клиничките аспекти во водење на проблемот и знаат од една голема група т.н аномалии кои се откриваат во пренаталниот живот да ги откријат вистинските аномалии а тоа се оние чија дијагноза повлекува одредени импликации, изјави проф. д-р Дафина Кузмановска Пренатални откриени аномалии на бубрези на уринарен тракт се најчести помеѓу аномалиите кои се откриваат практичо од 1 до 5 на 1000 прододувања пренатално. – Ние се трудиме колку што е можно навреме да ги откриеме овие аномалии пренатално и на тој начин да се овозможи адекватно водење на пациентите, после тоа да се направат одредени испитувања и следувања а на тој начин ќе се подобри и краткорочната и долгорочната дијагноза на пациентите, изјави д-р Марија Христовска спц. гинеколог-акушер Како до здрав и функционален уринарен систем? – Ние се збогативне со уште една алатка во навременото дијагностицирањ на малформации на уринарен тракт кај нашите новороденчиња потпомогнати со нашите гинеколози навремено видени сите промени на нивните бубрези а непосредно после раѓањето со помош на методата која што ја доведовме за прв пат во Македонија, успеваме да докажеме навремено патолошко функционирање и враќање на мокрачата од мочиот меур на кај бубрезите. Со тоа многу допринесуваме за во иднина сите наши новороденчиња имаат здрав и функционален уринарен систем, изјави д-р спец педијатар Маргарита Камбовска Стручниот состанок е акредитиран од Лекарската комора на Македонија. https://www.youtube.com/watch?v=Pw-iA39fBvQ