Во Битола се оржа стручно едукативно предавање на тема „Колпоскопија и медикаментозен абортус“.Гинеколози од целата држава дискутираа за репродуктивното здравје каја жената, рана детекција на карциноми на репродуктивни органи и за медикаментозниот абортус.

„Темата на овај стручен состанок е здравјето на пациентката , односно рана деткција на премалигни, малигни промени на грлото на матката, а тоа се прави со редовни прегледи и колпоскопски прегледи. Во склоп на Битола работи и примарната здравствена заштита, на нашето одделение има и секундарна здравствена заштита и сето тоа е во една единствена целина, прво превенција, а потоа и рана детекција и лекување на премалигните промени кај жените на нејзините органи општо земено, а ако има потреба и навремено лекување кај малигни промени којшто за жал ги има во денешно време. Се трудиме максималано да обезбедиме превенција и основната поента во нашата работа е превенцијата“, рече прим.др.Елизабета Чипуровска, од Клиничката болница во Битола.

Eдукативнотo предавање го организираше Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија (МЗЦПК) и Гинеколошко-акушерското одделение (ГАО) при Клиничката болница во Битола.
„На состанокот ќе се обрне внимание не само за рано откривање на предраковите промени на грлото на матката туку ќе се зборува и за медикаментозниот абортус. Колпоскопија не се прави на секоја жена, колпоскопија се прави само на оние жени кој во скринингот ќе се открие некој високоризичен ХПВ вирус или ќе се најде некоја абнорманост на цитологија. Тие се упатуваат на колпоскопија. Затоа како тријажна метода колпоскопијата е многу важна за секој гинеколог. Можеме да кажеме споредба со инциденцата во другите земји ние сме заедно тука некаде со нашите соседи. На пример за жал инциденцата се движи некаде меѓу 16 и 24 на 100 илјади жени на ракот на грлото на матката. За жал имаме жени коишто не доаѓаат на преглед, така што имаме случаи на многу млади што не доаѓале на преглед, а се заболени од рак на грло на матката, дури за жал нашето одделение го држи рекордот од 22 години и 10 месеци, значи толку млада, но три години не била на преглед“, рече проф.д-р Горан Димитров, претседател на МЗЦПК.

Под медикаментозен абортус се подразбира прекин на бременоста до 22-та гестациска недела со помош на медикаменти.
„Во годините како што доаѓаат првите менструации кај девојките се на 9 години, така што пациентките почнуваат и на 10 години со сексуални односи, за жал имаме и такви случаеви, а веќе од 11 до 13 година сме имале и раѓање, најчесто најмладите пациентки се на 13 годишна возраст. Таквите пациентки прво треба да донесат согласност од родител или старател пред да започнеме со сите интервенции што треба да следат, бидејќи не може да заврши обично нормално раѓање, може ќе има потреба за одредени хируршки интервенции и тогаш бидејќи таа е малолетна бараме согласност од родител или старател“, рече др.Чипуровска.
Средбата на гинеколозите беше во рамки на одбележувањето на 4-ти ноември, Денот на ослободувањето на Битола.












