ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНО ВРЕМЕ, УТРОВО ВО БИТОЛА -6 СТЕПЕНИ

Утрово најстудено со -15 степени беше на  Попова Шапка, -12 Берово, Крушево, -11 Крива Паланка, -10 Маврови Анови, -8 Штип, Струмица, -7 Прилеп, Виница, -6 Битола, Охрид, Претор, -5 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, -4 Куманово, Велес, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Кавадарци, -2 Дојран, 0 Гевгелија.

Во текот на ноќта времето беше ведро. Дуваше слаб до умерен  ветер од северен правец. Изутринава е сончево со мала до умерена облачност и студено. Наместа дува слаб ветер од северен правец.

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7 степени. Во Битола до 1 степен.