Утрово -12 степени на Попова Шапка, -9 Маврови Анови, -8 Крушево, -6 Берово, -5 Крива Паланка, -4 Прилеп, -3 Штип, Виница, -2 Тетово, Охрид, Претор, Битола, -1 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, 0 Велес, Кавадарци, Струмица, 1 Демир Капија, 2 Гевгелија.
Наутро променливо облачно, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност поголема во западниот дел. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, наместа долж Повардарието со брзина над 60 км/час.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Во Битола до 2 степени.











