ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНО УТРО, ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА ДО 5 СТЕПЕНИ

Утрово -7 степени на Попова Шапка, -4 Маврови Анови, -3 Струмица, Крушево, -2 Берово, Куманово, -1 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Штип, 0 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Претор, Прилеп, Виница, 1 Охрид, 2 Битола, 3 Демир Капија, 7 Гевгелија.

Во текот на ноќта и утрово времето беше променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утрово по одделни котлини има појава на магла, во Струмица и Штип со намалена хоризонтална видливост до 200 метри.

Денеска променливо облачно, пртпладне со појава на магла по одделни котлини, преку денот со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10 степени. Во Битола до 5 степени.