ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕН БРАН СО ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ

Под влијание на циклонска активност и студена воздушна маса од север времето утре ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и снег во пониските места, а на планините и повисоките места од снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите ќе бидат пообилни  во западните и крајните источни делови (над 25л/м2)  каде на планините ќе се зголеми постојната снежната покривка, а помала снежна покривка ќе се формира и во некои од пониските места.

Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта засилен северен ветер (над 60км/ч). Потоа до четврток ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, особено во среда.